Search for content, post, videos

Нешто ново за него

[two_third]

Bottega Veneta | Паричник од плетени кожни ленти

Димензиите на овој паричник се 18×8, 5×2 см, доволни за книжни пари, кредитни картички, и документи. Има четири големи прегради, девет мали. Правоаголен е и се носи во внатрешниот џеб на сакото, капутот, јакната. Неговата изработка е својствена за италијанската модна куќа што го преферира луксузот, често употребувајќи кожни ленти што се реплетуваат. Се изработува во кафеава боја. Неговата цена е 432€

[/two_third] [one_third_last padding=”15px 35px 35px 35px”][/one_third_last]

[one_third padding=”20px 40px 40px 40px”]
[/one_third][two_third_last]

Bulgari Gyan | Парфем

Без оглед на цената, парфемот што е дел од колекцијата Le Gemme оди како алва иако неодамна излезе во продажба. Тој е комбинација на јасмин, пачули и темјан, идеален за овој период на годината. Неговото име во санскритскиот јазик означува божествена мудрост, поврзана со Александар Велики, неговите походи. Мириса на Ориентот, евоцирајќи ги кадифестото синило на сафирот, ѕвезденото небо над Хималаите и спиритуалниот живот. Шишенцето е 100 милилитарско и чини 241€

[/two_third_last]

[two_third]

Gucci | „Резбан“ прстен со стаклен бисер

Ќе се воодушевите од неговата убавина, и тоа на прв поглед. Металниот прстен чија „резба“ е инспирирана од лавовската грива, патинирана, украсен со стаклен бисер во крем-боја, што се држи за секачите, на кој се наоѓа логото, стана голем хит. Делува моќно, а симболиката на лавот, кралот на животните, е доволна за да се препорача на храбрите, смелите мажи. Се изработува во една големина. Пречникот на отворот изнесува 11,5 мм. Неговата цена е 252€[/two_third] [one_third_last padding=”20px 25px 25px 25px”][/one_third_last]

[one_third padding=”20px”]
[/one_third][two_third_last]

Larose | Светлосива шапка од ангора зајак

Толку е мека што секој ќе посака да ја има. Нејзината леснина и топлина придонесуваат за желбата да биде уште поголема. На допир е фантастична, исто како што изгледа. Се изработува на калап, од мохер (ткаенина од ангора зајак), во светлосива боја. Таква е и лентата околу шапката, со сребрено лого на француската шапкарница. Одоздола има постава, 100% памучна, и може да се пере рачно. Ширината на ободот е 7,5 см. Чини 258€

[/two_third_last]

[two_third]

Missoni | Волнен шал со цикцак и пругави шари

Италијанската модна куќа е препознатлива кога се работи за шарите, вообичаено цикцак. Овој ѝ припаѓа на новата, последна (есен-зима) колекција, од 100% волна. Боите соодветствуваат на двете сезони – различни нијанси на кафеава и сива, што се прелеваат, со забележливи бели, црни пруги на краевите. Шалот е прилично долг – 185 см, а широк 30,5 см. Производителот препорачува хемиското чистење за да не се оштети со домашно перење. Неговата цена е 129€

[/two_third] [one_third_last padding=”25px”][/one_third_last]

 

[one_third padding=”20px”][/one_third][two_third_last]

Corgi | Календарска кутија за чорапи

Во пресрет на божиќните празници, велшката мануфактура ја пушти во продажба календарската кутија за чорапи Mr Porter, со 24 фиоки, од картон. Но, кутијата може да се употребува и понатаму, цела зима. Во комплет се и неколку пара чорапи со различни дезени, шари, од новогодишни до скијачки. Празничните содржат кашмир и свила, додека останатите во составот имаат памук, најлон. Перењето може да биде и рачно и машинско. Чини 393€

[/two_third_last]

Автор: Игор Ландсберг