Search for content, post, videos

Thom Browne – Торба од гранулирана кожа во форма на ајкула

Педесет и двегодишниот њујоршки дизајнер, чиј бренд е добро познат меѓу помодарите, во колекцијата за оваа пролет и летото што ни претстои ја „вметна“ и црната торба од гранулирана кожа во форма на ајкула, тродимезионална. Внатрешноста е обложена со пругав материјал, каде што се наоѓа и џепчето за бележникот, мобилниот телефон, паричникот. Има капацитет од 12 л, долги рачки (17 см), висината изнесува 25 см, длабока е 8 см, широка 58 см, и чини 2.177 евра.