Search for content, post, videos

Вистинската пудра за вашата кожа

 

Многу жени ја избегнуваат пудрата бидејќи стравуваат дека лицето ќе им изгледа неприродно, како маска. Но пронаоѓањето на вистинскиот производ е многу едноставно. Подлогата, поточно пудрата, се нанесува секојдневно и на лицето е скоро половина ден. Токму поради тоа игра важна улога во негата, но исто така е и најпроблематичниот козметички производ. Постојат две клучни нешта за успех: изборот на вистинската формула за вашиот тип на кожа и, секако, пронаоѓањето на вистинската нијанса.

Пронајдете ја својата формула. Постојат четири основни формули на подлоги: на база на масло, на база на вода, без масло и без вода.
Подлогата на база на масло е создадена за сува кожа, а производите на база на вода се наменети за сите типови на кожа. Подлогата без масло (oil free) ја употребуваат оние со мрсна кожа, а производите без вода се исклучително долготрајни на лицето и се користат најчесто за тешка театарска шминка.
Во зависност од текстурата, подлогите се делат на тонирани креми, течни, кремасти и пенести подлоги, како и
на компактни и подлоги во стик.

ТОНИРАН КРЕМ
Спој меѓу подлогата и кремот за лице. Малку сокрива, но затоа пак негува. Идеална е за младешка или чиста
кожа. Исто така е совршена за во лето, кога сакате да го изедначите тенот или пак само да постигнете фантастична кожа. За разлика од останатите подлоги, тонираниот крем можете да го нанесете со прсти.
ТЕЧНА ПОДЛОГА
Ова е најпопуларен вид на пудра, бидејќи лесно се нанесува и изгледа природно. Одговара на секој тип на кожа,
особено е погодна за сувата кожа. Ако имате мрсна кожа или страдате од митесери, побарајте (oil free) течна подлога, за прикривање на проблематичните делови без да ги надразнувате.
КРЕМАСТА ПОДЛОГА
Густа е, богата и ја негува кожата. Идеална е за сува или зрела кожа. Заради тешката текстура внимавајте рамномерно да ја нанесете на кожата со помош на влажен козметички сунѓер.
ПЕНЕСТА ПОДЛОГА
Исто така ја негува кожата и е соодветна за сува кожа. Најдобар начин за нанесување е малку од подлогата да
ставите на горната страна на дланката а потоа од таму со сунѓерче да земате и да нанесувате на лицето.
КОМПАКТНА ПОДЛОГА
Исклучително практична бидејќи содржи голем процент на пудра. Најчесто е спакувана во кутивче со сопствено
сунѓерче за нанесување. Но внимавајте, компактните подлоги на крајот секогаш излегуваат посветли отколку што
очекувате. Одлична е за сите типови кожа, освен за сува.
ПОДЛОГА ВО СТИК
Тоа е онаа вистинската, оригинална подлога која потекнува уште од златното доба на Холивуд. Има тешка текстура
и затоа е најсоодветна за оштетена кожа, полна со лузни или дамки. Малку од подлогата нанесете директно на
оштетеното место па дури потоа втапкајте со сунѓерче.