Search for content, post, videos

KАРОЛИНА со “Ајде да летаме – GREATEST HITS” на 1ви јули, на Стадионот на АРМ во Скопје.

 

Како сублимат на една неверојатно богата кариера, со 10 студиски албума и безброј хитови и евергрини, големо задоволство ни е да ви најавиме дека нашата Каролина за прв пат ќе одржи open air концерт во Скопје под името “Ајде да летаме – GREATEST HITS” на 1ви јули, на Стадионот на АРМ во Скопје.

Концертот ќе биде со сериозна, светска продукција, светло и звук – какви што доликуваат на голем и грандиозен концерт на Каролина Гочева.

Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции, на 1ви јули во живо ќе може да ги слушнете: ,,Хипокрит”, ,,За нас”, ,,Капка под небото”, ,,Не се враќаш”, ,,Се лажам себе” и уште многу други хитови кои ја одбележаа 30 годишната кариера на Каролина.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (08.06) на avalon.mk и ширум нашата продажна мрежа, по следните цени и категории:

Партер – 700 денари

Фан пит  – 990 денари

Вип (коњопои) – 1500 денари

 

Ајде да летаме!

Се гледаме на АРМ стадион на 1ви јули!

 

Aвалон Продукција