Search for content, post, videos

Натпревар во брзо решавање на Рубикова коцка

Македонската Кјубинг Асцијација овој викенд повторно во организација на натпревар во брзо решавање на Рубикови коцки. Конечно се враќаат натпреварувања во нашата земја! 18ти и 19ти јуни во Скопје! Натпреварување во 12 категории! Повеќе од 60 натпреварувачи! Cubing at Sopro 2022 е четвртиот кјубинг натпревар во Македонија. Секој може да учествува, без разлика на националност, возраст или брзина на решавање, се што треба да направите е да бидете запознаени со WCA регулациите и да ги прочитате пред натпреварот. Линк за пријавување:  https://www.worldcubeassociation.org/…/CubingAtSopro2022.
Светската Кјубинг Асоцијација -WCA  растеше во текот на изминатата деценија, над 100.000 луѓе се досега се натпреварувалче во нивните натпревари. И покрај овој успех, тие се организација која е целосно управувана од волонтери, од локални организатори до делегати на WCA и до одборот на WCA. Благодарни се на сите што одвојуваат време од својот живот за да овозможат WCA солидно да функционира. Искрено се надеваат дека ќе донесат уште поголемо ниво на професионализам на нивните натпревари, со тоа што продолжувааат да организираат многу настани ширум светот. Повеќе инфо за настанот на Македонска Кјубинг Асоцијација / Macedonian Cubing Association – MCA. Бидете и вие овој викенд дел од убавата атмосфера.