Search for content, post, videos

10 профили на Инстаграм што мора да ги следите

Најзабавната разонода за сите љубители на убавата фотографија во моментов е Инстаграм. Обичната фотографија на која ќе и додадете некој филтер, малку контраст, екстра боја и сенки може да изгледа совршено. А токму тоа е и целта на Инстаграм – да ги споделите најубавите фотографии од вашето секојдневие…

Murad Osmann (muradosmann)

Сите сакаат да го следат Мурад Осман. Причината е едноставна – на неговите слики не само што ќе видите преубави светски дестинации, туку секоја фотографија има посебна приказна. Во центарот на тие минијатурни ремек дела секогаш е неговата сопруга Натали Осман. А сите кои го практикуваат неговиот стил на фотографирање, го користат хаштагот #followmeto, со надеж дека познатиот “раскажувач на приказни” ќе почне да ги следи на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/BbmfJKFH0mQ/?taken-by=muradosmann

 

BEAUTIFUL DESTINATIONS (beautifuldestinations)

Постојат толку многу места на светот кои, едноставно, мора да ги видите. А ако не успеете тоа да го направите лично, тука е профилот на Инстаграм кој на едно место ги објавува фотографиите од најубавите светски дестинации, оние популарните, но и оние за коишто можеби никогаш не сте слушнале. Таму ќе можете да видите идилични плажи, преубави зајдисонца, урбани џунгли, романтични засолништа… во овој случај, секоја фотографија навистина вреди илјада зборови.

https://www.instagram.com/p/BcS46SYhEHO/?taken-by=beautifuldestinations

 

Shay Mitchell (shaymitchell)

Актерката која стекна популарност со серијата “Слатки мали лажливки” освен што е зафатена со снимањето на серијата, постојано патува на егзотични дестинации, работи на својот блог, пишува книга, снима модни едиторијали и ужива во животот. Сето тоа го споделува со своите следбеници. Нејзините фотографии се опуштени, забавни, убави… всушност, додека ги гледате сигурно ќе посакате барем на неколку дена да сте во нејзините чевли.

https://www.instagram.com/p/BcFScrzBvuH/?taken-by=shaymitchell

 

Mariano Di Vaio (marianodivaio)

Најпознатиот машки блогер го следат 6,3 милиони луѓе. Причината за тоа е едноставна – освен што рекламира облека, често споделува фотографии од приватниот живот (од својата венчавка; излегувањата со пријателите, посебно ако се познати фаци; од своите најблиски). Со него работи цел тим и секоја поза ја сликаат најмалку тројца луѓе од различен агол. Уште повпечатливо е што фотографиите се направени на разни дестинации низ целиот свет. Да, навистина не е лесно да си најпопуларниот светски блогер.

https://www.instagram.com/p/Bb5BJRbDjY_/?taken-by=marianodivaio

 

National Geographic (natgeo)

Легендите во светот на фотографиите, Нешнал Џиографик, н# фасцинираат повеќе од еден век. Сето она што го прават беспрекорно (списанието и телевизискиот канал) сега е дополнето со профилот на Инстаграм во чии содржини уживаат светските глобтротери, но и вљубениците во природата. Всушност, секоја фотографија н# потсетува колку е убава планетата на која живееме и колку е богат животинскиот свет што н# окружува.

https://www.instagram.com/p/BcSUrxcjyMl/?taken-by=natgeo

 

INFINITY magazine (infinitymag.mk)

https://www.instagram.com/p/BaEcWEknCwp/?taken-by=infinitymag.mk

Sarah Angius (sarahangius)

Доколку сакате самата да направите фантастична фризура за 5 минути без некоја поголема мака, побарајте го профилот на Сара Енгиус на Инстаграм, млада фризерка која во само неколку чекори ќе ве научи како да бидете поразлична секој ден. Нејзините видеа од 15 секунди ќе ви објаснат буквално с#, а фотографијата покрај нив ќе ви ја покаже, уште еднаш, фризурата која ви се допаѓа. Инструкциите се лесни за сфаќање, па вам ќе ви требаат само вешти прсти за да го добиете посакуваното. Или малку “играње” со косата што може да биде многу забавно.

https://www.instagram.com/p/Bb4AOrvn7vk/?taken-by=sarahangius

 

Victoria’s Secret (victoriassecret)

Ангелите на Викторијас сикрет, најнова долна облека, козметички производи, промоции – с# на едно место на нивниот профил на Инстаграм. Всушност, тука на едно место ќе најдете многу убавина зашто на најголемиот број фотографии се преубавите модели кои се заштитни лица на оваа модна компанија. Можете да ѕирнете и зад сцената, на снимањето на каталозите и новите кампањи, да видите што прават нивните модели во слободно време. Ако го направите тоа, ќе бидете уште една од 28,6 милиони луѓе кои секојдневно уживаат во убавите фотографии.

https://www.instagram.com/p/BcNFFa9l6Ma/?taken-by=victoriassecret

 

NASA (nasa)

Ако сакате секој ден да се воодушевувате на с# што н# окружува а ни е тотално непознато, тогаш време е да почнете да го следите профилот на НАСА, Националната аеронаутичка и вселенска администрација на Инстаграм. НАСА со секоја фотографија н# потсетува дека универзумот е огромен, а ние сме само точки во него. Сите фотографии и видеа се со краток опис на величествените работи што ги гледаме на нив, а ги фотографирале астронаутите во орбитата. И нормално, за нив не се користат филтри зашто се совршени такви какви што се.

https://www.instagram.com/p/BcTDTrVnMjR/?taken-by=nasa

 

Jamie Oliver (jamieoliver)

Господарот на добрата храна, човекот кој ги сака зачините и сопствената градина скоро колку и своето семејство, секојдневно објавува фотографии од слатки и солени јадења, брзи рецепти, начин на подготовка на храната и куси видеа на кои покажува свои трикови од кујната. Повремено на неговиот профил ќе видите и фотографии од неговото семејство, како и фотографии со популарни личности, актери, пејачи, луѓе од модната индустрија со кои се среќава приватно. Ова е профил на Инстаграм во кој несомнено ќе уживате.

https://www.instagram.com/p/BcR5KhpDo16/?taken-by=jamieoliver