Search for content, post, videos

„Dzijan Emin & Magical Orchestra

Утре, во 14 часот на платото пред МКЦ, во рамки на петтото издание на манифестацијата Today It’s All About Jazz Vol.5. ќе биде промовиран албумот „Dzijan Emin & Magical Orchestra – Live in Ohrid“.

Албумот e првенче на ЗЏМ Рекордс, и претставува албум снимен во живо на концертот одржан во Антички театар, 2019 година. Магичниот оркестар кој изведува авторски композиции на матичниот диригент на ЗЏМ Биг Бендот, оркестратор, композитор и мултиинструменталист Џијан Емин, е составен од членови на ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот и гудачи од Македонската Филхармонија.

Со онлајн стриминг на концертот Dzijan Emin & Magical Orchestra – Life in Ohrid на 30 април беше одбележан и Меѓународниот ден на џезот.