Search for content, post, videos

А дали сте знаеле дека….

 

Малите совети богатство вредат. Некогаш и несвесно допираат до нас, а забораваме на нивната голема вредност. Е па време е да научите нешто повеќе и тоа да го поделите со пријателите….

Ако имате проблем со мравките…
Мравките мразат краставици. Затоа, ставете лушпа од краставици на местото каде што се појавуваат и ќе се спасите од нив.

За кристално чист мраз…
Ако сакате мразот да биде чист и бистар, тогаш не заборавајте да ја провриете водата пред да ставите да се смрзнува.

Гума за џвакање на облеката….
Ова не е редок проблем, особено не во семејствата со училишни деца. А неретко може да ви се случи и вам, особено ако се возите со градски автобус. Ако ви се залепи гума за џвакање на облеката, едноставно ставете го парчето облека во замрзнувач да отстои еден час. А потоа, едноставно отстранете ја гумата.

 

За белата облека да биде навистина бела…
Проблем ви е белата облека која речиси никогаш не е онака бела како кога сте ја купиле? Постои многу едноставно и лесно решение… потопете ги алиштата со парче лимон во жешка вода. Оставете ги да отстојат 10 минути.

За блескава коса….
Блескавата коса е сон на секоја жена. Но не е недостижна бидејќи решението ви е на дофат на раката. Нанесете една лажица оцет на косата, а потоа измијте ја.

Да исцедите максимално сок од лимонот…
Цедењето лимон некогаш и не е толку забавно, особено кога ќе сфатите дека не можете да го исцедите скоро сиот сок кој се содржи во него, па речиси половина го фрлате. Но и за овој проблем постои решение – потопете ги лимоните во жешка вода еден час, а потоа исцедете ги.

За побрзо да го сварите компирот….
Кога не можете да чекате долго време за компирот да се свари, послужете се со малиот трик – излупете ја едната страна на еден од компирите кои ги варите.

Мастило на облеката….
И мастилото на облека е голем проблем, особено ако работите во канцеларија или ако имате дете кое оди во училиште. Но облеката извалкана со мастило не мора да оди во контејнер. На дамката намачкајте паста за заби, оставете целосно да се исуши, а потоа исперете.

За брзо да го излупите варениот компир…
По варењето веднаш ставете го под студена вода. Зачудувачки, но копирот се лупи многу побрзо.

Решение против глувчиња…
Можеби во цртаниот Том и Џери, Џери е навистина сладок, но во секојдневниот живот се вистинска напаст, пренесувачи на многу болести и едноставно синоним за нешто најнечисто и најнездраво. Ако случајно ви с епојават овие несакани гости, посипете ги со црн пипер местата на кои се движат. Сигурно ќе избегаат!