Search for content, post, videos

Јадете банана за лесен сон

Како полесно да заспиете за време на жештините: Јадете банани, советуваат експертите. Експертите за процесот на спиење советуваат поголема конзумација на банани во лето, наведувајќи дека калиумот со кој е богат ова овошје е исклучително важен за функционирањето на нервниот систем и дека како таков ќе придонесе за полесен сон.  Тие советуваат консумација на банани како „главно оружје“ во периодот на многу високи температури, наведувајќи дека калиумот во бананите е клучот за мирен и удобен летен сон. Кога се потиме, губиме калиум, електролит кој е неопходен за функционирањето на нервниот систем. Јадењето една или две банани дневно ќе ве натера да спиете подобро во топло време, а исто така ќе му помогне на вашето срце нормално да функционира и ќе го намали ризикот од ноќни грчеви. Покрај бананите, експертите советуваат да се консумира и зелен зеленчук, кој е и добар извор на калиум, заедно со овошје како авокадо, домати и портокали.