Search for content, post, videos

Светлина во темните моменти

Донесете вистинска одлука која би требала да гласи: сакам да бидам подобра и посреќна личност. СЕКОГАШ БАРАЈТЕ ЈА СВЕТЛИНАТА ВО ТЕМНИТЕ МОМЕНТИ.Секој ден има свои лоши и добри моменти но не дозволувајте лошите да ви го расипат денот. Во секоја ситуација може да се направи нешто позитивно. Внимавајте сe се случува со некоја причина: и злото и доброто имаат своја причина. Сменете ја перспективата од која ги набљудувате работите и животот ќе ви се промени.

Направете попис на своите желби

Наместо да се фокусирате на работите кои не ги сакате и постојано за тоа да зборувате, направете си свој попис на желби. Сонувајте и размислувајте за убави работи, а тоа ќе ви помогне да станете позитивна личност. Размислувајте позитивно за своите неостварени желби и секогаш во себе верувајте дека можете да ги реализирате. Ништо не е невозможно доколку верувате и толку многу го посакувате со целото свое срце. Размислувајте за работа која ја сакате, размислувајте за односот кој сакате да го имаат другите луѓ кон вас, секое утро визуелизирајте како сакате да го поминете денот, пронајдете во својот ум убави случки и личности со кои би сакале да се сретнете. Не може да ви биде секој ден добар, но со позитивен став и лошите денови стануваат многу подобри.

Смејте се

Секој ден најдете барем една причина здраво да се насмеете. Насмевката не чини ништо, а може да го поправи расположението на секого. Дружете се со личности кои се постојано насмеани и ведри и тогаш вашите денови ќе станат повесели. Кога ќе ви се случи нешто непријатно, вдишете длабоко и размислете што можете да научите од таа ситуација. Грешките и страдањата нѐ прават посилни и поразумни. Многу работи за кои се грижиме всушност никогаш и не се случуваат, затоа и нема потреба да се оптеретуваме со негативни мисли, затоа мислете позитивно. Секогаш очекувајте и надевајте се на најдобро и ќе видите дека сте биле во право.
Во животот многу работи имаат свој крај, било да се работи за личност, работа или за некаква друга животна случка, но тоа не смее да ви го уништи животот. Приуштете си кратко време за тагување – добро исплачете се и тргнете со крената глава низ животот. Кога една врата се затвора, друга се отвора. Затоа не зјапајте во затворената врата туку тргнете кон таа која што треба да се отвори пред вас. Понекогаш е тешко да се продолжи но без крај нема ни нов почеток.
Искоренување на негативноста можеби ви се чини како бескрајна цел но навистина не е така. Потребно е само цврсто да одлучите дека сакате да бидете посреќни и тогаш тргнете во тој правец. Секој ден надевајте се на нешто убаво, позитивно и радувајте им се на промените кои ќе почнат да се случуваат во вашиот живот.

Силвана Јованчева