Search for content, post, videos

Дворецот Версај во сјајот на научните достигнувања

Дворецот Версај и науката. Малкумина знаат дека Дворецот Версај бил и домакин на науката и научните достигнувања. Се открива едно ново лице на Версај, дворецот Версај кое место на сите ни е познато како центар и резиденција на француските кралеви, сега се открива и  како место за научно испитување во неговите најразлични форми почнувајки од: Експериментот со осветлувањето во Собата со огледала, Марли Машината на брегот на Сена, презентација на палење оган со помош на огледало и соларна енергија, и многу други научни достигнувања во тоа време. Тука за прв пат се спојуваат делата и инструментите од старата кралска колекција, спектакуларните достигнувања на убавината и интелигенцијата од тогашна Франција. Версај тој период било местото каде што можете да ја видите науката. На наговарање на Жан Баптист Колбер, „премиерот“ на Луј XIV, кралските власти ги согледале придобивките од научните истражувања. Во 1666 година Колбер ја основал Академијата на науките, поставувајќи нов договор помеѓу власта и научниците. Многу „родени филозофи“, како што ги викале во тоа време, вклучувајќи и некои од најпознатите, често биле присутни во Судот како лекари, воени инженери, учители, итн. Физичарите Бенџамин Франклин и Абот Нолет ги споредувале своите теории во присуство на кралот, а енциклопедистите Дидеро и Далембер се среќавале во кабинетот на д-р Кеснај, лекарот на Мадам Помпадур, миленичката на Луј XV. Некои дворјани биле вистински експерти во својата област.

Версајскиот дворец нудел многу ресурси за истражување. Анатомите и зоолозите можеле да ги проучуваат колекциите на ноеви, пеликани, носорози и други ретки животни, ботаничарите и агрономите растенијата што се наоѓаат на Трианон, а „хипиатристите“, претходници на ветеринарите, коњите од Кралските штали.

Едукаторите развиле нови методи за предавање со употреба на иновативни алатки за кралските деца и личната пракса на кралот. Додека Луј XIV се сметал себе си за заштитник на уметноста и науката иако не ги применувал, неговите наследници, Луј XV и Луј XVI, станале вистински познавачи на уметноста. Презентацијата пред кралот или претставувањето пред Судот било најголема чест, еднаква на добивање Нобелова награда. Многу луѓе знаат за првиот лет со балон, но многу други настани се заборавени, како што е презентацијата со разгорено огледало пред Луј XIV или експериментот со осветлувањето во Собата со огледала во времето на неговите наследници. Спојот на раскошот и науката фрлаат сосема поинакво светло на Дворецот Версај.

Силвана Јованчева