Search for content, post, videos

И пенкалото со перо е статусен симбол

Поседувањето скап автомобил, вила или одмор во скапи летувалишта не се единствените статусни симболи што ја покажуваат високата општествена положба. Најбогатите луѓе во светот буквално фрлаат огромни суми пари за пенкала, кои ги чуваат во сефовите, меѓу парите и другите скапоцености.

Историјата на пенкалото нè враќа во времето пред четири илјади години пред Христа, кога луѓето за пишување користеле сламки или трски. Долго време потоа, по повеќе од три милениуми, се употребувале пердуви од птици, најчесто од гуска или лебед, откако  сфатиле дека пишувањето со нив е поедноставно, а текстот почитлив.

Вистинското пенкало, какво што го знаеме денес, постои само сто и пет години. Изумот е на Хрватот Славољуб Пенкала. Го патентирал на 31 мај 1907 година, а мастилото го ставал со пипета. В џеб се носело внимателно зашто можело да истече мастилото. Недостатокот го отстранил така што му монтирал држач, каков што користеле јавачите. На него изгравирал „Пенкала патент”. Набрзо почнал да употребува суво мастило. Изумот бил патентиран во триесет и пет земји во светот. Перата биле направени од четиринаесеткаратно злато. Жителите на Хрватска велат дека пенкалото е нивен изворен сувенир, иако познатиот париски графичар Рафаел Барда го демантира ова мислење. Тој вели: „Пенкалото не е само хрватски сувенир, туку и европски. Всушност, секое пенкало е уникатен сувенир, има свој сериски број, како и сертификат на хрватски и на уште дванаесет светски јазици. По неколкуте модификации во изминатите сто години, пенкалото с#èуште е провокација за најпознатите јувелири. Пенкалото дава многу можности да се прикаже нивната инвентивност. Тоа може да биде рачно насликано, гравирано, украсено со дијаманти и слично. За најскапоцените парчиња цената изнесува и неверојатни износи. А ова се седумте најскапи пенкала со пера во светот…

 Ограничена едицијаМѕстерѕ Мастерпиеце

Станува збор за спој меѓу креативноста на „Монт Бланц” и онаа на „Ван Цлееф & Арпелс”. Тоа е најскапо пенкало во светот и чини 730.000 долари. Велат, цената и не е така висока ако се има предвид дека се вградени 80 дијаманти и други скапоцени камења, како, на пример, рубини, сафири и смарагди, кои се ставаат според желбата на нарачателот. Вкупниот процес, од идеја до реализација, трае година ипол.

 

ЕдинственотоЛа Дона Менагерие

„Цартиер” направи едно од најубавите и најскапоцените пенкала во светот и го нарече „Ла Дона Менагерие”, инспириран од прекарот на филмската ѕвезда Марија Феликс, позната и како шпанска Мерилин Монро. Пенкалото има исклучително интересен дизајн. На капата е изрезбарена глава од крокодил, а околу телото на пенкалото е обвиен друг крокодил. Секако, станува збор за имитација на кожа од овој водоземец. Пенкалото е составено од 890 златни делови. Секој од нив е нумериран. Чини 4.000 долари и може да се нарача.

 

 

ЕмајлпенкалаДавид Осцарсон

Палетата содржи неколку пенкала, а најскапото чини 4.900 долари. Преку таканаречените бели пенкала Давид Оскарсон сакал да ја промовира единствената збирка во која владее стариот свет, во кој доминираат умешноста и, секако, креативноста. Секое пенкало е уникатно и го карактеризира сет на пет емајлирани бои во три различни нивоа на блага нерамнина над рамната површина, порабени со родиум, кој дискретно се топи во заднината.

 

ОМАСсо коринтски стил

Пенкалата „ОМАС” од ограничената серија се изработени во коринтски стил (третиот стил, по дорскиот и јонскиот), кој се појавил во старогрчката архитектура кон крајот на В век пред новата ера. Се одликува со столбови што завршуваат со капител во вид на кошница од акантови лисја. Доминира барељефот, а спојот меѓу столбот и перото на пенкалото е инспириран од скулптурата на еден од најпознатите вајари во тоа време. Капата е украсена со чист дијамант, кој дополнително му ја зголемува цената. Пенкалото чини 16.500 долари.

 

РолерпенкалатаФифтх Авенуе

За да се направи едно од 1929-те раскошни ролер-пенкала потребни се сто и шеесет часа. Се изработува рачно, во повеќе бои, а може да бидат и лакирани. Чини 2.400 долари. Рабовите се изработени од сребро и од злато.

 

Нивното кралско височествоВисцонти

Пенкалата од ограничената серија „Висцонти” достигнуваат цена до 57.000 долари поради тоа што се направени од осумнаесеткаратно бело злато и украсени со дијаманти. И перото содржи злато од осумнаесет карати, двотонско, се разбира. Се продава во две варијанти, обложено со бело злато и со црна смола, а резервоарот за мастило има можност за двојно полнење. Цената на пенкалата од линијата „Форбидден Цитѕ”, изработени со додаток на црна смола, осумнаесеткаратно злато и дијаманти и со специјален начин на полнење, изнесува 42.200 долари.

 

Неколку варијацииГраф вон ФаберЦастелл

Ексклузивните пенкала од колекцијата „Граф вон Фабер-Цастелл” ги карактеризираат неколкуте варијации на дрво, чија технологија за изработка е својствена само за оваа фирма. Столбот на пенкалото, што ги одбележа минатите години, е направен од индиско атласно дрво и личи на паркет чии 84 штичиња се сечат и се спојуваат рачно. Средишниот дел од перото е обложен со цитрин, а пенкалото има и неколку платински елементи, како и осумнаесеткаратно злато. Секој модел чини околу 2.000 долари. Неодамна во продажба е пуштен и новиот модел, кој освен дрво содржи и влакна од коњска опашка.