Search for content, post, videos

Изложба на Ниче Василев

Ве информираме дека во галеријата Ел Греко, на 27 октомври 2021 година (среда) во 19 часот ќе се отвори изложба на Ниче Василев. НИЧЕ ВАСИЛЕВ – Роден во Дабиље, Струмичко. Академија за ликовна уметност завршил во Варшава, 1978, во класата на проф. Лудвиг Мачионг. Во 1971/72 година студирал на Националната Академија на факултетот за применети уметности во Софија. Член е на ДЛУМ од 1980г. Живее и работи во Струмица, Македонија. Реалзирал над 30 самостојни изложби во Македонија и странство, меѓу кои во Скопје, Струмица, Битола, Штип, Гевгелија, Варшава, Атина, Софија, Анкара, Цирих, Мадрид, Белград и др. Учествувал на повеќе групни изложби и колонии во Македонија, Бугарија, Србија, Полска, Грција, Франција и Словенија. Во 2013 година бил на студиски прстој во Париз,Франција, со поддршка на Министерство за култура на Република Македонија. Добитник е на повеќе награди и признанија: Откупна награда на изложбата Југословенски портрет Тузла 1987. Награда Димитар Пандилов на Друштво на ликовните уметници на Македонија 2000 и 2008 г. Награда Методија Ивановски Менде на КИЦ, Скопје 2012 г. Гран при на Остен, Светска галерија на цртежот, Скопје 2013. Уметник на годината 2013 Светска галерија на цртежот 2014. Ниче Василев е плоден уметник со голема креативна способност создавајќи лавиринт од уметнички дела низ чија патека само тој може да чекори. Тој пред се ја претставува човечката присутност во ентериери во кои живеат женските фигури ,актови, анонимни ликови Модиљановски издолжени. Творците се слични во својата различност, хронолошки оддалечени, но ликовно споени во наративнат структура ,елегантност и лонгитудинална телесна морфологија. И двајцата сликари ја исцртуваат енигмата за човечкото постоење… Тој е мајстор и на пејзажот создавајќи ја синтезата помеѓу земјата и небото. И цртежите играат важна улога во неговото творештво. Тие не се само подготовка за слики , ниту скици, туку естетска дисциплина издигнатата на уметничко ниво. И како што Иво Андриќ одговорил: “Не е важно во која периферија од светот е создадено делото, не е помалку вредно од делата создадени во големите метрополи, туку таму каде што создава уметникот, ТАМУ Е ЦЕНТАРОТ НА СВЕТОТ“… ќе запише во каталогот за изложбата Виолета Атанасова. Основана во 1993, Галеријата Ел Греко е една од првите професионални галерии во Скопје која игра важна улога во промовирање на македонската современа уметност, којa се наоѓа на улица Mаксим Горки бр.17 во центарот на градот.Во изложбено-продажниот простор се наоѓат дела почнувајќи од основоположниците на македонската современа уметност (Никола Мартиновски, Петар Мазев, Иван Велков, Димитар Кондовски…), средната генерација (Свето Манев, Нове Франговски, Владимир Георгиевски, Ана Темкова…) и помлади генерации уметници (Констанин Качев, Милан Андов, Татјана Манева…).