Search for content, post, videos

КАКАО – Храната на боговите

Какаото е храна број 1 во содржината на антиоксиданси. Содржи повеќе антиоксиданси од зелениот чај, виното и шумските плодови искомбинирани заедно. Витаминот Ц е застапен во големи количини, толку многу што има повеќе од сите други семиња и јаткасти плодови. Други есенцијални (незаменливи) минерали што се содржат во какаото се калциум, цинк, железо, бакар, сулфур и калиум. Какаото содржи многу хемикалии кои се важни за физичкото и менталното здравје, вклучувајќи ги алкалоидите, протеините, магнезиумот, бета-каротенот, линоленската киселина, липазата, лизинот и неутрансмитерите како што се допамин и анандемин. Исто така, какаото е неверојатно богат извор на растворливи растителни влакна. Ниту една храна не содржи толку многу магнезиум како какаото, па не е ни чудо што жените околу и за време на менструалниот циклус посегнуваат по чоколадо. Магнезиумот е поврзан со балансираните хемиски реакции на мозокот, силните коски, контракциите на мускулот и срцето и среќата – познат е и како среќниот минерал.

Зошто треба да пиеме какао

–           Ги шири крвните садови и со тоа ја подобрува циркулацијата, го спречува згрутчувањето на крвта, го регулира отчукувањето на срцето и крвниот притисок, го намалува холестеролот и го намалува ризикот од инфаркт.

–           Штити од надворешни и внатрешни токсини – ја поправа и ја зголемува отпорноста од штетата извршена од слободните радикали и може да го намали ризикот на некои видови рак.

–           Сератонинот (хормонот на среќата) во мозокот е покачен под дејство на какаото и делува како анти-депресент.

–           Ендорфини – какаото го стимулира излачувањето на ендорфините кои создаваат задоволувачко чувство на воздигнатост и задоволство, исто како по трчањето неколку километри.

–           Фенилетиламин – го има во чоколадото, но мозокот го произведува и кога сме вљубени. Го крева расположението и делува како анти-депресент, но и го зголемува фокусот и реагирањето.

–           Анандамид – познат како “блажената хемикалија” бидејќи прави да се чувствуваме убаво подолго време, а е составен дел на какаото.

–           Ефедрин ги шири алвеолите во белите дробови и овозможува подобро дишење, а со тоа и полесно извршување на спортските активности. Затоа какаото им се препорачува на сите кои се занимаваат со спорт.

–           Сулфурот, или минералот на убавината, учествува во градбата на ноктите и косата, ја прави кожата сјајна, ги прочистува црниот дроб и панкреасот, а за среЌа го има во големи количини во какаото. Околу 3% од какаото го сочинуваат горчливите алкалоиди, кофеинот, теоброминот и друго, додека половина од тежината на семето потекнува од неговите масти.

Конзумирањето какао ќе ве направи поздрави и посреќни. Нека храната на боговите биде и ваша храна!

Силвана Јованчева