Search for content, post, videos

Медицински занимливости

„Брзата храна“ е поврзана со астмата – Децата кои јадат таканаречена „брза храна“ најмалку три пати неделно имаат за 39% поголем ризик да заболат од астма и егзем. Сознанијата собрани од околу 500000 илјади деца од 50 земји сугерираат дека ваквата исхрана е една од причините за зголемената зачестеност на астмата и егземите во светот. Наспроти тоа, честото конзумирање овошје имало заштитно влијание против развој на астмата и егземите, тврдат новозеландските истражувачи од Универзитетот во Окланд и нивните британски колеги од Универзитетот во Нотингем. Според нив, (брза) „фаст фуд“  исхраната честопати содржи висок процент заситени масти и транс-масни киселини кои се познати по своето влијание врз функциите на имунолошкиот систем.

Диеталните напитоци и депресијата – Новото истражување спроведено во САД сугерира дека конзумирањето диетални напитоци со вештачки засладувачи е поврзано со поголем ризик за депресија. Научниците од Националниот институт за здравје врз основа на примероци од 250000 испитаници утврдиле дека депресијата е почеста кај оние луѓе кои често конзумираат вештачки засладени диетални пијалаци.
Во истражувањето не е утврдена причината за оваа појава, но се покажало дека конзумирањето кафе доведува до смалување на ризикот за депресија. Во текот на десетгодишниот период додека траело истражувањето се покажало дека луѓето кои дневно пиеле 3 до 4 шолји кафе имале 10% помали шанси за дијагноза – депресија. Наспроти тоа, испитаниците кои дневно пиеле 4 чаши газиран напиток или вештачки засладен сок имале за една третина зголемен ризик да им биде дијагностицирана депресија.

Стресот на таткото влијае врз однесувањето на децата – Стресот присутен кај татковците за време на бременоста на жената, е поврзан со поголем ризик за потешкотии во однесувањето кај децата пред третата година од животот. Досегашните истражувања веќе ги поврзаа менталното здравје на мајката за време на бременоста и зачестеноста на тешкотиите во однесувањето на децата. Новите податоци се собрани при набљудувањето на 31000 деца и нивните родители во Норвешка. Утврдено е дека стресот кај идните татковци е најизразен во 17 и 18 недела од бременоста на жената. Децата на тие мажи имале поголеми шанси за емоционални и когнитивни проблеми и потешкотии во секојдневното функционирање. Истражувачите нагласуваат дека на забележаната поврзаност не влијаеле факторите – возраст на родителите, менталното здравје на мајката и конзумирањето алкохол или цигари на родителите.

Исхраната влијае на бројноста на сперматозоидите – Високиот удел на заситените масти е поврзан со смалувањето на бројот на сперматозоидите, се вели во истражувањето на данските научници.
Истражувачите од Копенхаген ги користеле податоците собрани од 701 испитаник на просечна возраст од 20 години. Се покажало дека мажите кои најчесто конзумираат заситени масти имаат 38% помала концентрација на сперматозоиди и 41% помал број на сперматозоиди за разлика од мажите кои внесуваат минимум од овие масти преку храната. Претходните истражувања ја поврзуваа исхраната богата со житарки и овошје со поголема бројност и подвижност на сперматозоидите. Во следната фаза од истражувањето данските научници ќе се обидат да ги откријат биолошките механизми преку кои заситените масти би можеле да влијаат на смалувањето на бројот на сперматозоиди, што би можело да помогне во откривањето нови можности за третирање на неплодноста кај мажите.

Фруктозата го поттикнува прејадувањето – Истражувањето спроведено во САД сугерира дека шеќерот фруктоза доведува до промени во мозокот кои можат да доведат до преголем внес на храна.
Научниците од Универзитетот Јеил со помош на апаратот за магнетна резонанца утврдиле дека по конзумирањето напиток со фруктоза, мозокот не го регистрира чувството на ситост како што е случај со напитоците со гликоза. Во истражувањето учествувале 20 млади возрасни испитаници со нормална телесна тежина. Фруктозата најчесто се додава во прехранбените преработки и соковите. Некои претходни истражувања веќе го поврзаа зголеменото користење фруктоза во прехранбената индустрија со зачестената појава на прекумерна тежина кај луѓето.

Аспарагус против мамурлак – Истражувањето на јужнокорејските научници покажало дека конзумирањето аспарагус може да им помогне на оние кои претерале со конзумирање алкохол и се борат со мамурлакот. Научниците од универзитетот во градот Јеју велат дека внесот на алкохол негативно влијае на црниот дроб и доведува до симптоми поврзани со мамурлакот – главоболка, умор, мачнина. Според нивни зборови, аспарагусот содржи аминокиселини и минерали кои на клетките на црниот дроб им пружаат заштита од делувањето на токсините и така доведуваат до ублажување на симптомите на мамурлакот.
Овие сознанија се потврдени со експериментите направени врз екстрактите од листовите и плодот на аспарагусот.