Search for content, post, videos

Моќта на позитивните мисли

Доколку сакате да имате позитивен и среќен живот, работата е многу едноставна: РАЗМИСЛУВАЈТЕ ПОЗИТИВНО и позитивните работи сами ќе почнат да доаѓаат во вашиот живот. Избегнувајте го сето она што ве прави нерасположени и несреќни или она што во вас буди негативни чувства. При тоа се мисли на лоши вести кои се прикажуваат на ТВ, во весниците или на интернет. Не читајте лоши вести за политичките сплетки, црна хроника или се секакви други глупости, затоа што тоа воопшто и не ви е потребно. Не вреди да се заморувате со работи врз кои вие не можете да влијаете. Оставете ги другите да се занимаваат со тоа, а вие свртете се кон себе, кон својот живот и кон внатрешниот мир. Како да влијаете врз себе и да привлечете позитивни мисли? На вас е да одлучите дали навистина сакате да станете позитивна личност која ќе живее исполнет и среќен живот или пак и понатаму ќе се занимавате со негативни работи кои лошо ќе влијаат врз вас и врз квалитетот на вашиот живот.

Размислувајте позитивно

За да ги привлечете позитивните мисли, морате да размислувате позитивно. Сте слушнале ли за законот за привлекување? Тоа е закон кој како некаков вид на насочувач го одредува текот на вашиот живот. Според овој закон секој може преку моќта на својот ум и своите мисли да ја одреди својата судбина. Тоа што го размислувате, тоа и ќе го привлечете, какви ви се мислите, таков ви е животот – ова се познатите фрази кои се однесуваат на законот за привлечност.

Опкружете се со позитивни личности

За да бидете позитивна личност многу е важна и околината во која се наоѓате, живеете, работите, односно многу се важни какви се луѓето кои се во вашето опкружување. Обидете се да не бидете во дружба со негативни луѓе кои постојано офкаат, се жалат, зборат негативно за другите или ги колнат другите, затоа што нивните негативни емоции многу лесно се пренесуваат врз вас. Ако не можете да ги избегнете тогаш кога сте во нивна близина – исклучете се и не дозволувајте нивниот став да влијае врз вас. Што повеќе се дружите со среќни и насмеани личности кои во себе носат позитивен став кон животот н вие станувате како нив. Не се вели залудно дека СРЕЌАТА Е ЗАРАЗНА.

Размислувајте за себе само позитивно
Понекогаш причина за негативниот став е и лошото мислење за себе си. Имено, можеби во себе размислувате дека не заслужувате таков живот каков што го живеете, туку многу подобар, а тоа е многу погрешно. Секој има право на среќа, а тоа е всушност смислата на животот. Страдањето нема никаква смисла. Длабоко во вас се наоѓа еден голем рудник на позитивна енергија, но со вистинските алатки и со малку копање секој може во себе да го пронајде центарот на среќата и светлината. Напишете ги на еден лист сите свои доблести, без разлика колку тие ви се чинат неважни. Така всушност ќе сватите дека сте една единствена и прекрасна личност. Посвете си внимание на себе и на работите кои ве прават да бидете среќни и задоволни. Не дозволувајте да немате време за себе.

Силвана Јованчева