Search for content, post, videos

Неколку занимливости

Белката го смалува крвниот притисок – Белката од јајцето може да помогне во снижувањето на крвниот притисок како и некои други вообичаени лекови, откриле кинеските научници. Научниците во белката го откриле пептидот кој може да го смали крвниот притисок бидејќи делува како лековите од групата инхибитори на ензимот ангиотензин конвертаза (АЦЕ инхибитори), па веруваат дека јадењето белки може да помогне во контролата на крвниот притисок. Пептидот, кој е всу[ност кусиот дел од протеинот, може да го снижи крвниот притисок како ниска доза лек за снижување на притисокот. На експериментите направени врз стаорци било утврдено дека 50мг пептид РВПСЛ има исто влијание како и 10мг инхибитор АЦЕ. Научниците се надеваат дека овој пептид наскоро ќе можат да го пробаат и кај луѓето. Научниците претпоставуваат дека пептидот го „преживува“ и варењето, па затоа конзумирањето белки од варени јајца би можело да биде добар начин за одржување на нормалниот крвен притисок, особено ако се користи во комбинација со потребните лекови. Иако до скоро јајцата се сметаа за нездрава храна поради високиот холестерол, неодамнешните истражувања покажуваат дека се поздрави отколку што се сметало досега.

Влијанието на алкохолот врз исхраната – Истражувањето спроведено во САД укажува дека се внесуваат поголеми количини висококалорична храна богата со масти во деновите кога се конзумира алкохол. Претходните истражувања веќе покажаа дека луѓето кои почесто конзумираат алкохол имаат понездрава исхрана. Во новото истражување биле користени податоци за повеќе од 1800 испитаници кои биле собирани скоро 5 години. Врз база на анализата на тие податоци научниците дошле до заклучок дека во деновите кога се конзумираат 2-3 дози некој алкохолен пијалак, мажите внесуваат 400 калории повеќе отколку во деновите кога не пијат алкохол. Жените во таквите денови внесувале просечно 300 калории повеќе отколку во деновите кога не пиеле алкохол. Истражувачите нагласуваат дека и кај двата пола подеднакво при конзумирање алкохолни пијалаци доаѓа до просечно 9% зголемување на внесот на масти во организмот.

 Состојката на црвеното месо му штети на срцето – Хемискиот состав присутен во црвеното месо има негативно влијание на здравјето на срцето. Истражувањето спроведено на Клиниката во Кливленд покажало дека откако во цревата ќе дојде до разложување на карнитинот од месото, започнува една поврзана реакција која резултира со покачување на холестеролот во крвта и зголемување на ризикот од болести на срцето. Преку експериментите спроведени врз глувци и луѓе потврдено е дека бактериите од цревата можат да го преработат карнитинот во гас кој во црниот дроб се претвора во хемиски состав наречен ТМАО. Во новото истражување е утврдено дека ТМАО многу допринесува за создавање опасни наслаги на ѕидовите на крвните садови. Научниците додаваат дека постои можност за користење пробиотици кои би можеле да ја сменат бактериската рамнотежа во цревата и на тој начин да го смалат негативното влијание на карнитинот врз метаболизмот и акумулирањето холестерол.

Образованието на родителите и исхраната на децата – Новото истражување на шпанските научници укажува на поздрава исхрана кај децата чии родители имаат повисок степен на образование. Во нивното истражување учествувале 15000 деца на возраст од 2 до 9 години, а податоците за децата биле собрани од 8 земји (Кипар, Белија, Естонија, Германија, Унгарија, Италија, шпанија и Шведска). Се покажало дека понискиот степен на образование на родителите може да се поврзе со помалиот внес на овошје и зеленчук кај децата. Освен тоа, децата на послабо образованите родители внесувале многу повеќе засладени пијалаци и храна со висок процент на масти и шеќери. Децата чии родители имале повисоко обазование конзумирале поголеми количини овошје, зеленчук, тестетнини, ориз и производи од интегрални житарки.

Силвана