Search for content, post, videos

Орнамент и специфично ремек-дело… во вафлите на МАРТИНИ

Мартини

Освен што е еден од најпознатите локали во Скопје и е на врвот цели 25 години, Мартини ги нуди и највкусните вафли. Познати по својата афтентична рецептура и специфичен вкус, тие се убедливо најдобри и „рамо до рамо“ со белгиските, оригинални вафли…

АМБРОЗИЈА ОД ВКУСОВИ

Вафлите, сами по себе, претставуваат слатко, бомбастично чувство, но тајната на тие плочести, слатки задоволства, си има свои карактеристики при изработката. Треба да се напомене дека никој не го создал рецептот за вафлите, тие едноставно се менуваат, дополнуваат и комбинираат во склоп на вкусовите на луѓето. Мартини ја создаде својата рецептура не за популаризација, туку за нежно задоволство што се задржува како трага на усните. Вкусот се памети заради играта на додатоци, добивајќи интензивна експресија. Кога кажуваме дека заштитен знак на Мартини, покрај ентериерот кој изобилува со мозаици во духот на македонската традиција, се вафлите, тоа е од причина што секој додаток во вафлата има посебен вкус со автентични аромати. Инспирирани од светски познатите слаткари, воопшто не изостанува ниту „декорацијата“ на вафлите, која без пренатрупаност на слатки додатоци, ги карактеризира сите видови. Всушност, самата вафла претставува орнамент и специфично ремек-дело.

вафла

 

ОБИЧНА А ТОЛКУ НЕОБИЧНА „ПЛОЧЕСТА ТАБЛА“

Интересен е фактот што дури и во „секојдневните“ чоколадирани вафли, во Мартини има посебна обработка која го трасира патот на задоволството. Тајната е во изработката која таа „плочеста табла“ ја прави неодоливо задоволство. Каква магија од чувства ве обзема кога ќе ве допре мирисот на топли вафли кои алудираат на мистерија. Тоа е полнето, задоволство кое има свој процес на создавање и рецептура на специјалитет.

Темно, млечно или бело чоколадо, прелеано и концентрирано на меката и блага плочка, со секаков вид овошни и толку многу специфични супстанции, во различи бои како разиграна текстура, ја прават полна со енергија која се топи како путер во устата.

вафла блага

Солените вафли на Мартини се полнети со посебна комбинација од месни и млечни производи, кои додека ги јадете, го чувствувате тој суптилен и деликатесен вкус со хармонија на концентрирани парчиња задоволства.

Сеедно дали сте љубител на вафли или не, особено за празничните денови, невозможно е да останете рамнодушни пред неодоливиот мирис на цимет и роза. Некои вафлата ја нарекуваат храна на боговите, но рецептурата на Мартини ја прави уште поспецифична, внесувајќи состојки што нудат задоволство кое тешко се опишува. Можеби играта со растопено чоколадо комбинирано со овошје не изгледа како посебна креација, но кога дегустаторите говорат за храната, тие ја чувствуваат со сите сетила и ја опишуваат како да достигнале врв на задоволството. Рецептурата за совршено вкусните вафли, сепак, останува тајна на куќата, а вам пак ви останува да ги пробате сите вкусови и да одлучите кој е најдобриот. Постојат неброено многу рецепти и варијации, но вафлите Мартини, во добро друштво, потсетуваат дека треба да го јадете и да го правите она што ве прави среќни, за да можете да постигнете целосно уживање и беспрекорно насладување.