Search for content, post, videos

По оброкот никако немојте….

Ако сакате да внимавате на своето здравје и да ја одржувате линијата витка, би требало да ги послушате советите на експертите кои направиле список од седум нешта кои никако не би требало да ги правите откако ќе завршите со оброкот. И тоа не без причина….

Пушење – Експертите предупредуваат дека оваа навика е многу поштетна отколку што се знае и верува. Тие тврдат дека само една цигара по оброкот има дејство како да сте запалиле десет. Системот за варење делува на целиот организам, а никотинот, пак, се врзува за кислородот во крвта.

Овошје – Овошјето е лесно и брзо сварливо, а ако се конзумира веднаш по оброкот, тоа во телото се задржува поради претходно конзумираната храна, па едноставно почнува да скапува и да се распаѓа во организмот што доведува до испуштање гасови, поточно отрови кои меѓу другото го поттикнуваат и создавањето на целулитот. Значи, овошје се јаде на празен стомак или два часа пред или по оброкот.

Чај – Иако оваа навика ја практикуваат се повеќе луѓе, таа воопшто не е добра. Теинот како главна состојка на чајот се врзува за железото и го отежнува неговото варење и искористување, што може да биде многу лошо за оние кои страдаат од анемија. Ако имате анемија запомнете, чајот пијте го еден час по оброкот.

Пливање – Сетете се што ви велела кога сте биле помала – не треба да се плива веднаш по обилен оброк. Истото се однесува и за туширањето. Водата ја поттикнува и засилува циркулацијата во целото тело, но по оброкот крвта оди во желудникот каде се одвива процесот на варење на храната, а не на местата како што се рацете и нозете каде би требала да биде кога се случуваат нагли промени на температурата.

Олабавување на ременот – Ова е навика која сите ја правиме, но токму олабавувањето на ременот откако убаво ќе се најадеме може да доведе до преплет на цревата и застој во варењето на храната. Но постои уште една причина, а тоа е дебелеењето, бидејќи откако ќе го олабавите ременот ќе паднете во искушение да изедете многу повеќе отколку што би требале.

Физичка активност – Иако сите мислат дека физичката активност по оброкот е добра, вистината е сепак малку поинаква. Ваквиот чин му пречи на системот за варење кој ги апсорбира хранливите состојки од внесената храна. Препорачлива е само лесна и опуштена прошетка, но никако посилен напор.

Спиење – Лежечката положба на телото не е природна, па затоа не е добра ни за работата на системот за варење бидејќи желудечните сокови не можат да си ја завршат својата работа. Навиката да си легнете веднаш по оброкот може да предизвика желудечни проблеми.

Најчестите грешки кои ги правиме кога сме нервозни – Напнатоста која ги мачи нервозните луѓе најчесто сакаат да ја смалат со најнездравите нешта и постапки. Екстремни облици се зависност од секс или насилно однесување. Но повеќето луѓе, кога се нервозни се свртуваат кон малите „пороци“. Еве кои се тие, па следниот пат кога ќе посегнете по нив размислете двапати.

Неумерено јадење – Храната би требало да ја засити гладта, а не да ја смали нервозата. Слатките не смеат да бидат секојдневна навика. Јадете ги понекогаш и само умерено. Исто како и оние кои патат од анорексија и булимија, луѓето кои патат од пореметување со прејадување имаат нездрав однос кон храната. На таквите луѓе храната им е таен пријател. А можеби и единствен пријател. Ништо не им е важно додека јадат. Тие сметаат дека храната е најважна на светот и таа им пружа утеха. Но по прејадувањето настапува чувството на вина и нерасположение.

Силвана