Search for content, post, videos

Позитивно размислување

Предноста на позитивното размислување е подобро управување со стресот. Игнорирајте ги негативните мисли и заменете ги со оптимизам, со тоа се намалува стресот. Кога веќе еднаш ќе го развиете во себе позтивниот став кон работите – одржувајте го. Тогаш е помала е веројатноста да бидете под стрес заради некаков животен проблем.

Подобро здравје
Нашето размислување секако влијае врз нашето тело, а тоа така и реагира. Кога негативните мисли ќе ги замените со смиреност, верба и спокој, наместо со лутење, бес, или со загриженост, тогаш ќе почувствувате чувство на мир. Тоа значи дека ќе имате помала несоница, напнатост во мускулите или стомачни проблемни. Негативните размислувања доведуваат до замор, анксиозност и депресија.

Самодоверба
Имајќи самодоверба значи дека имаме верба во нашите способности. Тоа секако дава знак дека сме среќни со тоа кои сме ние и тогаш не се обидуваме да бидеме како некој друг. Позитивното размислување ја поттикнува самодовербата. Во колку немаме самодоверба и сме несигурни во себе, никогаш нема да го исполниме својот потенцијал. Ние тогаш многу полесно донесуваме правилни одлуки и постапки за кои подоцна нема да се каеме. Тогаш сме поорганизирани, донесуваме правилни решенија за секој проблем наместо да губиме време и енергија на негативни емоции.

Поголем успех во животот
Негативниот став кон животот и стои на патот на вашата среќа и успех. Позитивниот став може да ви го промени животот на подобро. Така и привлекуваме позитивни луѓе. Сите би сакале да се дружат со ЛичНост која е среќна и задоволна од животот. Овие луѓе имаат многу пријатели

Помалку страв
Стравот произлегува од лоши мисли и мислење само за негативни работи. Мислете позитивно за да го елиминирате стравот во себе. На тој начин можете да се соочите со сите проблеми кои ќе излезат во вашиот живот, едноставно нема да се плашите од ништо.


Посреќен живот
Самодовербата го потенцира фактот дека сме среќни и задоволни од тоа што сме и дека не сакаме да бидеме како никој друг. Доколку имате самоконтрола врз умот и постојано позитивно расмислувате, во умот секогаш ќе имате среќен живот, добро расположение, мир, спокој, насмевка на лицето, добро здравје и финансиски успех.
Силвана Јованчева