Search for content, post, videos

СÉ околу нас е ЕНЕРГИЈА

Сe околу нас претставува енергија, но ако е тоа така, тогаш и човекот е енергија. Секако знаеме дека енергијата не може да се уништи затоа доаѓаме до констатацијата дека и човекот е бесмртен. Вистинската реалност не е материја, тоа е вибрација / енергија, а тоа го докажуваат атомските физичари. Ако се околу нас претставува енергија, тогаш и нашите мисли се енергија, а од таму произлегува: нашите мисли имаат потенцијал кои во надворешниот свет можат да произведат некаква акција. Ако на едно тело му додаваме енергија, вибрацијата (фрекфенцијата) на тоа тело ќе почне да расте и состојбата на телото ќе почне да се менува. Од парче мраз ќе добиеме вода. Ако и понатаму продолжиме со додавање енергија, водата ќе се претвори во пареа –  па иако е невидлива, сепак пареата е околу нас, ништо не исчезнало. Тоа што се однесува на мразот и водата, секако важи и за човекот. Доколку некому успее значително да ја покачи својата вибрација, логично е дека и тој ќе стане невеидлив. Тука нема ништо мистично, ниту се работи за магија. Тоа е физика. Ако човекот стане невидлив, тоа значи дека грубото физичкото тело само го преобразил во фино материјално тело и дека не постои смрт. Идеата дека смртта постои е матријалистичко согледување на работите кои самите сме го наметнале. Пред 2000 години Исус „се обиде да ни покаже“ дека смртта не постои, но малкумина разбраа за што се работи. Меѓу тие малкумина бил и атомскиот физичар Ј.Е.Шарон . Еден од насловите на неговите книги е „Јас сум стар петнаесет милијарди години“. За цифрата петнаесет милијарди се мисли дека вселената е толку стара и дека за неа не постои смрт. Според тоа, ако човекот претставува вибрација, тогаш и таа вибрација може да се менува според сопствената воља. Ако се запрашаме како, одговорот е едноставен  – со помош на нашите мисли. Со нашето размислување, ние ги менуваме сопствените вибрации. Дали ќе мислиме на љубов или на омраза, состојбата во нашето тело ќе се менува, вибрацијата менува се. Бидејќи видовме дека се е вибрација, болеста не е ништо друго, освен дисхармонија на вибрацијата (лоша вибрација) во телото. Затоа и се подразбира дека на таквата состојба може да се влијае со помош на некоја друга повисока вибрација, а тоа подразбира: низ музика, боја, мирис, дружба со ведри личноси и секако низ нашето размислување. Ова покажува дека болестите можат да се лекуваат со помош на добри мисли. Зарем Исус не ни го покажа тоа? Освен тоа човекот можеме да го набљудуваме и како музички инструмент. Музиката и тоновите исто така се вибрации. Ако еден инструмент не е добро наштиман тој произведува дисхармонични тонови. И човекот може да биде лошо наштиман и да испушта „лоши звуци“, а тоа доаѓа од агресијата, незадоволството, лошите и спротивставените мисли. Но на таквиот човек никој не може да му помогне ако самиот не сака, ако самиот своите мисли не ги насочи во друг правец. Секој е одговорен самиот за себе.

Ако сакате своите проблеми да ги решите и со мал труд да ги достигнете своите цели, морате секогаш во својот ум да ја држите добрата мислата: с# е вибрација, а таа е променлива. Бетонот претставува вибрација и тој се менува, па и вашиот „незгоден“ шеф или колега е вибрација и тој може да се смени, детето со аутизам исто така може да се смени (иако медицината вели дека таквата состојба е неизлечива). Запомнете, кога се работи за вашиот живот, само вие одлучувате за тоа дали со својот начин на размислување ќе уживате во животот или ќе живеете во „темница“. Само вие можете да си помогнете. Ако според вас животот е долина на солзите и болестите, својата вибрација толку многу ќе ја спуштите и таков ќе ви биде животот. Но, ако животот го сфатите како едно место на светлина, радост и задоволство и животот ќе ви се претвори во песна.

„Само едно мало делче од вселената можеш да смениш, а тоа е самиот себеси“ – А.Хаксли

Силвана