Search for content, post, videos

Слатките својства на Костенот

Питомиот костен (на латински Castanea Sativa) е еден од првите намирници киј ги јадел човекот. Најмногу расте во јужниот дел на Европа и во Средоземјето, преку Грција се ширел низ Европа. Костенот е долговечно дрво кое може да порасне до 25 метри во висина, со бујна крошна и годишен принос и над 200 килограми плодови костени. Најстарото дрво се нарекувало “Масата за коњи”, а се наоѓа на Сицилијанската планина Етна и се верува дека е старо помеѓу 3000 и 4000 години. Во минатото го јаделе исто како и денес во печена и варена форма, а од мелениот костен правеле напиток кој служел како замена за кафето. Од Костеновиот мед правеле ракија и медина. Заради нивните хранливи состојки им се давале на сите луѓе но посебно на сиромашните за денот на Сб. Мартин во Франција, во Тоскана традиционално го јаделе на Св. Симон, а кај нас е неизоставен дел од Бадниковата трпеза.

Костенот е овошје со двојна обвивка која го штити  од расипување. А тој пак го штити човековото здравје заради големата калорична и енергетска вредност. Се препорачува како додаток во исхраната и за децата и за повозрасните но и за сите што се изложени на поголем физички и интелектуален напор. Варениот костен содржи многу минерали , а пак печениот костен има поголема, енергетска вредност, белковини и двојно повеќе јаглехидрати.

Дивиот костен пак, односно неговиот плод и кората наоѓаат широка примена во алтернативната медицина. Се користи за лекување на ревматизам, како диуретик за намалување на отоци и разни воспаленија. Особено е застапен и во составот на многу козметички препарати за нега на косата и лицето, заради неговиот смирувачки ефект.

Плодот на костенот е многу богат и со калциум, калиум а содржи и фосфор, железо и поголем дел од витамините од Б групата. Лесно се вари во желудникот, а вредноста на белковините што ги содржи ги споредуваат со тие кои ги содржи јајцето. Костеновиот мед е многу лековит и помага  во лекувањето на гастрит, го штити црниот дроб и придонесува за подобра циркулација во организмот