Search for content, post, videos

Снежни топки

Подгответе ги пуканките во во апарат за пуканки или во тенџере со малку масло во него. Откако ќе бидат готови, тргнете ги на страна. Во тенџере ставете ги медот, и солта. Загревајте до зовривање па додадете го путерот. Мешајте околу 2 минути, па додадете го кокосот и пак измешајте. Прелијте ги пуканките со смесата од медот. Оставете да се излади, колку да можете да ја издржите топлината на рацете. Ставете малку путер на рацете, зафаќајте од  прелиените пуканки и обликувајте ги во форма на топки. Овие колачиња ќе бидат вистинско слатко изненадување за вашите деца.

ПOTРЕБНИ СОСТОЈКИ :

една кесичка пченка за пуканки

3/4 шоља кокос

1/3 шоља мед

1 лажица цимет

на врвот на лажичката сол

3 лажици путер