Search for content, post, videos

Сода бикарбона – прашок со чудесно дејство

Сода бикарбоната прави чуда за вашето тело и кожа. Лесно достапна, корисна и повеќенаменски производ без кој ниту едно домаќинство не може да замисли. Натриум бикарбонат, кој популарно се нарекува сода бикарбона, има многу широка примена во готвење, миење, третмани, козметика. Слободно може да го наречеме и прашок со чудесно дејство. Сода бикарбоната можете да ја користите за многу работи. Каснувањето од комарец може да биде многу непријатно, но ќе се ослободите од болката ако на раната нанесете паста од вода и сода бикарбона. Сода бикарбона е добра и за лекување на изгореници – ставете малку сода бикарбона на влажна крпа и нанесете ја на изгореницата. Ќе ви помогне и да се ослободите од непријатниот мирис од чевлите: доволно е само да ја посипете во чевлите. За да добиете свеж здив, направете гаргара со половина чаша вода и прстофат сода бикарбона. Исто така, корисна е и против силниот и непријатен мирис на потта. Натопете газа со вода и сода бикарбона и ставете ја под пазувите некое време и непријатните мириси ќе исчезнат. Се користи и во борбата против познатата габа кандида албиканс (кандида), а во зависност од тоа каде се наоѓа, треба да се исплакне или да се пие со раствор од вода и сода бикарбона. Обичните антигабични лекови не делуваат, бидејќи кандида брзо мутира, за да се одбрани, дури почнува да се храни со лекот, кој имал намера да ја убие. За разлика од другите лекови, кандида не може да се прилагоди на сода бикарбона. За дејството на антигабичните лекови знаеле и старите Египќани, а во индиската литература се препорачуваат лекови со силни алкални својства, како сода бикарбона, за лекување на рак. Секојдневното превентивно (и терапевтско) консумирање на малку сода бикарбона е непроценлив придонес за одржување на целокупната виталност на организмот и добро здравје. Користиме сода бикарбона за отстранување на мирис, дезинфекција, сјај, избелување на забите, готвење, па дури и како средство за контрола на штетници во градината. Сода бикарбоната може да се користи за замена на разни производи за нега на лице и тело. – Со лесни кружни движења тријте го лицето со мешавина од сода бикарбона и вода, во сооднос 3:1. На овој начин ќе направите благ и ефикасен пилинг на лицето. Исто така, сода бикарбона може да ви помогне да се ослободите од мозолчињата: направете паста од сода бикарбона и свежо исцеден сок од лимон и периодично нанесувајте на мозолчето. – Направете свој шампон за длабоко миење со додавање четвртина сода бикарбона во шампонот кој го користите. Ова ќе ви помогне да ги отстраните остатоците од производите за нега на косата кои се собираат на вашата коса. Немате време да ја измиете косата, користете сода бикарбона како сув шампон за да ја впиете маснотијата од косата. Едноставно посипете сода бикарбона на корените на косата и потоа со прстите втријте ја во косата. – За ублажување на изгорениците од сонце, натопете крпа во раствор од 250 мл вода и четири лажици сода бикарбона. Добиениот раствор ќе помогне да се „извлече“ топлината од изгорениците.  – Може да ви помогне и да имате помека кожа. Едноставно додајте го во топла купка и уживајте. Дополнително, кога правите домашен педикир, додадете три лажици сода бикарбона во топла вода и вашите стапала многу ќе ви се заблагодарат. – Пилинг на лице кој ги отстранува нечистотиите, акните како и старечките дамки. Сода бикарбона е природен лек кој може да се натпреварува со најдобрите козметички производи. Таа е одличен домашен пилинг за кожата. Бидејќи е антибактериски и антиинфламаторен производ, сода бикарбоната е идеална за чистење на кожата. Овој производ не само што ги отстранува мртвите клетки и бактерии, туку и го спречува нивното ширење. Плус, сода бикарбона никогаш нема да го наруши природното ниво на pH вредноста на вашата кожа. Домашниот пилинг направен од сода бикарбона и вода помага да се засити кожата со кислород, а исто така го спречува појавување на рани брчки. Овој пилинг помага да се омекне себумот и го олеснува отстранувањето на нечистотијата и мртвите клетки. Состојки: 1 лажица сода бикарбона, 1 лажица вода. Примена: Направете хомогена смеса од вода и сода бикарбона, а потоа нанесете ја на лицето со кружни движења. Потоа оставете ја маската со сода бикарбона на лицето околу 25 минути и измијте ја со млака вода. Сода бикарбона и овесна каша – Овој пилинг е одличен во борбата против акните, ја прави кожата мазна и сјајна. Овесната каша делува како природен навлажнувач кој се подобрува со додавање на сода бикарбона. Маската направена од овие две намирници ја снабдува кожата со витамини, минерали и олеински хидрати. Состојки: 2 лажици сода бикарбона; 2 лажици овесна каша; 1 лажица вода. Подготовка: Измешајте овесна каша, сода бикарбона и вода да добиете кремаста смеса. Нанесете на чистото лице и по неколку минути измијте со топла вода. Сода бикарбона и млеко – Млекото содржи витамини и ако се нанесе директно на кожата, се претвора во природен хидратантен крем бидејќи содржи млечна киселина. Оваа состојка го зголемува производството на колаген и еластичноста. Состојки: 1 лажица сода бикарбона, 1 лажица млеко. Примена: Измешајте сода бикарбона и млеко и нанесете на чисто лице. Оставете да делува околу 10 минути. Измијте ја оваа маска со ладна вода. Маслиново масло и сода бикарбона – Сода бикарбона во овој случај ќе ви помогне во борбата против акните, бидејќи содржи антибактериски материи. Маслиновото масло е одлична состојка за нега на лицето бидејќи содржи антиоксиданси, масни киселини и минерали кои ја навлажнуваат и регенерираат кожата. Состојки: 1 лажица сода бикарбона; 1 лажица маслиново масло; 1 лажица топла вода. Подготовка: измешајте сода бикарбона, вода и масло. Нанесете на лицето со кружни движења, избегнувајќи го пределот околу очите. Почекајте неколку минути, а потоа измијте го лицето со топла вода. Оцет, лимон, мед и сода бикарбона – комбинацијата на овие состојки поттикнува природен пилинг кој ја прави кожата мека и мазна. Медот е одличен за кожата. Особено, лимонот е одговорен за намалување на старечките дамки, лузните и дава сјај карактеристичен за здрава кожа. Јаболковиот оцет содржи алфа хидрокси киселини кои се одговорни за отстранување на мртвата кожа и маснотии, ефектите од дехидрација, лошата исхрана и недостаток на витамини – а исто така го балансираат нивото на pH. Сода бикарбона има својства кои ги елиминираат бактериите и мртвите клетки. Состојки: 1 лажица јаболков оцет; половина чаша вода; 1 лажица сода бикарбона; сок од половина лимон, 1 лажица мед. Подготовка: Измешајте ги состојките додека не добиете изедначена смеса. Потоа нанесете на чисто лице и деколте. Оставете да отстои околу 5 до 10 минути. После тоа, исплакнете со ладна вода за да ги затворите порите. Ефектите се навистина успешни. Сега знаете зошто сода бикарбона е одличен производ за убавина достапен за секого.

С.Ј.