Search for content, post, videos

Талог од кафе – да се фрли или не!

Го фрлате талогот од кафе, а не треба, еве зошто… Талогот од кафе посипете го на нечиста површина, а потоа добро истријте го со четка, така лесно и брзо ги отстранува закоравените остатоци од храна. Талогот од овој црн пијалок совршено ги чисти изгорените тенџериња и ринглите на шпоретот. Верувале или не, кафето е и природен омекнувач на месото. Кујнската сол, природните киселини и ензимите од кафето ги прават мускулите на месото помеки, но и го подобруваат вкусот на подготвеното месо. Измешајте го искористеното мелено кафе со сувите зачини и нанесете го на месото најмалку два часа пред подготовката. Талогот од кафе ќе одговара и на вашите растенија бидејќи е богат со азот, но содржи и фосфор, калиум, железо, калциум и магнезиум – што го прави евтино ѓубриво за градината. За да направите домашно растително ѓубриво, измешајте талог од кафе со други органски материи, како што се исечена трева, суви листови, ѓубриво или слама и добивате одлично ѓубриво за вашите градини. Други полезни дејства на талогот од кафе се: Неутрализирајте ги неподносливите и силни мирисиКолку прекрасно и да мириса чаша свежо кафе, талогот го задржува мирисот којшто може дополнително да се искористи, дури и откако целосно ќе се потроши. Бидејќи во структурата на талогот од кафе се наоѓа азот, хемикалија којашто впива мириси, тој реагира со јаглеродот од воздухот со цел да се неутрализира непријатниот мирис, со што истиот е одличен природен отстранувач на непријатни мириси.  Со користење на потрошен и исушен талог од кафе, може да ги елиминирате мирисите од: фрижидерот (ставете го во сад и складирајте го во вашиот фрижидер), ѓубрето, рацете (откако ќе исечкате лук и кромид), патиките, спортската торба, фиоките за чорапи, па дури и вашето возило (само спакувајте дел од талогот во внатрешноста памучна мала торба). Природен пилинг за чистењеЗаборавете ги хемиските средства за чистење и пробајте искористен талог од кафе за отстранување на мрснотиите од садовите и тавите. Талогот од кафе е природно абразивен, така што тој е одлично решение за чистење на површини коишто се тешки за освежување. Исто така, бидејќи има и одредени антивирусни и антибактериски својства, талогот од кафе претставува одличен дезинфекциски удар!   Користете талог од кафе за чистење на површини како: мијалници, скари, садови за готвење (тенџериња и тави). Третирајте ги темните подoчнициДали знаевте дека талогот од кафе содржи многу кофеин, дури и откако целосно ќе се потроши? Таквиот кофеин, заедно со големата концентрација на антиоксиданси во талогот од кафе, помагаат да се стимулира циркулацијата на крвта за да се намали подуеноста и да се освежи кожата под очите. Темелно измешајте кокосово масло и талог од кафе додека не се добие убава смеса. Нежно нанесете под очите и оставете да отстои 10 минути. Нежно исплакнете ја и исушете ја кожата. Овој процес може да го повторувате секој ден. Природен пилинг на кожатаАбразивната структура на искористените зрна кафе совршено функционира како природен пилинг на кожата, додека остатокот од кофеинот и антиоксидансите помагаат да се стимулира протокот на крв, на кое било место од телото, кадешто се прави пилингот. Сето ова, заедно со прекрасниот мирис на кафе, којшто ќе се задржи на вашата кожа, ќе направи секое миење на телото да потсетува на искуство налик на она што може да се доживее во спа центар! Комбинирајте кокосово масло, мед и ванила за двојно дејство на пилинг, како и третман за хидратација на кожата. Ставете ја оваа смеса на телото како мешавина за пилинг, па темелно исплакнете. Овој третман може да го повторувате еднаш до два пати неделно. Стимулирајте раст на косата  – Со секојдневната употреба на производи за коса и себум, а истовремено со таложењето на мртви клетки на кожата, може да биде многу корисно од време на време темелно и длабоко да се исчисти косата. Кратката и дебела текстура на искористениот талог од кафе може да ги отстрани мртвите клетки, давајќи на косата можност да расте на поздрав начин, додека пак кофеинот помага да стимулира раст на косата. Чувајте го талогот од кафе во тегла во бањата. Еднаш неделно, масирајте го вашиот скалп со талог од кафе и добивате подмлада кожа и коса. Дополнително, масажите на скалпот секогаш предизвикуваат небесно чувство. Сега малку ќе се размислите дали да го фрлате талогот од кафе или…!

С.Ј.