Search for content, post, videos

За чевличките

Еден од најдеструктивните пронајдоци во човековата историја се обичните и секојдневни чевли. Чевлите се еден од најголемите виновници зошто луѓето заболуваат од инфламаторни, автоимуни и други болести.
Најновите научни истражувања покажуваат дека особено гумените ѓонови целосно ги блокираат сите електрони кои ја штитат и ја хранат целата планета, па така и нас самите. Кога ќе застанеме на земјата боси, особено ако застанеме на камен, ние со брина на светлината сме исполнети со слободни електрони кои планетата ни ги дава постојано, во неограничени количини секој ден и секоја ноќ. Но оној миг, штом ги облечеме чевлите, сепрестанува. Комплетно престанува целата комуникација со Земјата и ние сме изолирани .
Во релација со земјата….
Но постои еден ефикасен начин повторно да се воспостави таа врска меѓу електроните од земјата и нас луѓето, а тоа е – одењето боси.
Електромагнетската обвивка на земјата е толку силна што кога ќе застанеме на неа, таа автоматски врз нас се празни од статичкиот електрицитет кој се насобира секојдневно во нас, и то аверували или не, од постојаната употреба на мобилните телефони, ај-подовите, камерите, компјутерите, безжичните телефони…. Сите овие уреди кои ни го олеснуваат и забрзуваат животот секојдневно, всушност влијаат негативно на нашето здравје. Иако само несвесно ги примаме ваквите информации, сепак вистината е таква и застрашувачка, а стануваме свесни за неа само кога навистина ќе се соочиме со здравствениот проблем.
А доволни се само петнаесетина минути дневно да одите боса надвор, во дворот, на меката тревичка, или да поседите надвор на некој камен, исто така боса, или да влезете во езеро или море, или да шлапкате во најблиската рекичка. Само петнаесет минути дневно и ќе бидете заштитена со природната електронска обвивка на Земјата.
Луѓето околу нас одат одделени од стварноста, со мислите во облаците. А сето тоа е само затоа што не се приземјени. Бидејќи меѓу нив и Земјата се наоѓа – ѓонот. Затоа, не заборавајте повремено да и се вратите на природата!