Search for content, post, videos

Зачудувачки е што сe може да исчисти лимонот

 

Од дезинфекција на микровалната до чистење на кантата за отпадоци и полирање на лажиците и вилушките, лимонот е вистинска ѕвезда за чистење на домот. Еве како се можете да го искористите…
На миг заборавете на средствата за чистење кои ги чувате под садоперот. Погледнете во ладилникот, таму сигурно имате барем еден лимон. Лимонот, кој на храната и разните пијалаци може да им даде уште подобар вкус, е благо но исклучително ефикасно средство за чистење.
што е тоа што го има во лимонот?
Поради високата содржина на киселина, лимонот има изразено антибактериско влијание. Со него можете да ги уништите вообичаените домашни бактерии.
Дајте му сјај на металот – кога станува збор за бакарот, месингот и хромот, никакви хемикалии нема да ви помогнат толку добро како лимонот. Потопете го приборот за јадење во вода во која сте ставиле тркалца лимон и оставете така да стојат извесно време. Потоа извадете го и избришете го приборот. Ако сакате екстра сјај, некои од тркалцата пред да ги ставите во водата, измачкајте ги со сол.
Дезинфицирајте ја микровалната – непријатниот мирис по печењето пуканки или топлењето на пицата лесно ќе го отстраните ако лимонот го исечете на тенки тркалца, ставете ги во сад, додајте вода и ставете во микровална да се вари една минута. Лимонската киселина ќе ги убие бактериите, а мирисот од лимон ќе делува како освежувач и навлажнувач на воздухот. Потоа само избришете ја внатрешноста на микровалната со крпа.
Исчистете ја бањата – металните држачи за крпите, чешмите и другите метални делови во бањата наместо со абразивно средство исчистете ги со лимон. Сокот од 3-4 лимона ставете го шишенце со прскалка и испрскајте ги сите метални делови. Лимонската киселина го разградува каменецот и ја топи нечистотијата. Освен тоа делува антибактериски и антисептично.
Рачно миење на садовите – ако некогаш ви снема сјај за садови, лимонот е тој кој ќе ви помогне. На парче лимон ставете малку сода-бикарбона и тријте ги садовите. ќе видите како лесно се топи мрснотијата, а тенџерињата и тавите добиваат сјај.
Освежете ја облеката – додајте само една лажица сок од лимон на прашокот за алишта кога ја полните машината за перење. ќе се изненадите од чистотата и пријатниот мирис на облеката.
Измијте ги прозорците – четири лажици сок од лимон измешани со вода е одлична комбинација за чистење на прозорците. Силната киселина од лимонот ќе ја стопи нечистотијата и дамките од водата, а прозорците ќе останат блескаво чисти.
Исчистете ја штицата за сечкање – исечете половина лимон и со него тријте ја штицата за сечкање. Дамките и разните мириси набрзо ќе исчезнат, а воедно и бактериите. Исплакнете и повторете уште еднаш.