Search for content, post, videos

Занимливости кои ќе ве изненадат…

Неколку медицински занимливости кои ќе ве изненадат… Кафето и ризикот од смалување на работата на срцето

Конзумирањето 2 шолји кафе дневно е поврзано со 11% помал ризик од смалување на работата на срцето, објавија американските научници. Сепак, тие нагласуваат дека редовниот внес на 4-5 шолји кафе дневно може да доведе до зголемување на можностите за намалување на работата на срцето. Умереното конзумирање кафе е поврзано со помал ризик од дијабетес, што допринесува до смалување на ризикот од намалување на работата на срцето, објаснуваат научниците. Ова пореметување доведува до смалување на способноста на срцето од делотворно пумпање крв, со што не успева да ги задоволи потребите на организмот.

Сонот ги ублажува симптомите на Паркинсоновата болест

Истражувањето спроведено во Холандија покажува како сонот има позитивно влијание на моторичките симптоми на Паркинсоновата болест. Научниците од универзитетот во Нимеген не утврдиле зошто сонот може на овој начин да им помогне на заболените од Паркинсонва болест. Научниците нагласуваат дека позитивниот ефект на сонот бил присутен без оглед на фактот дека пациентите во тоа време не земале лекови. Во истражувањето учествувале 243 испитаници со Паркинсонова болест, а позитивното влијание на сонот врз симптомите е забележан кај 43% од нив. Кај 13% од пациентите е забележано слабеење на моторичките симптоми и по кусиот дневен сон.

Краткиот стрес може да биде и здрав

Експериментите спроведени на лабораториските животни покажуваат дека повремениот краток стрес може позитивно да влијае на имунолошкиот систем. Американските научници од универзитетот Стенфорд нагласуваат дека овие сознанија сепак прво треба да се потврдат во истражувањата спроведени на луѓе. Според нивние зборови, софистицираниот координиран состав во организмот по детектирањето потенцијална опасност преку излачување на хоромонот на стресот овозможува почеток на подготовките за заштита и засилување на дејството на имунолошкиот систем. Анализата на крвта на искористените животни покажала дека кусата изложеност на стрес доведува до зголемување на присутните специфични агенси на имунолошкиот систем кои се пресудни за борба против низа заболувања. Причината за тоа било асиленото излачување на трите хормони на стресот – норепинефрин, епинефрин и кортизол.

Црното вино може да ја поттикне мигрената

Новото истражување спроведено во Бразил сугерира дека пиењето црно вино може да биде поврзано со поголемите можности за појава на мигрена. Податоците собрани од 33 лица кои редовно конзумирале црно вино укажале на поголема зачестеност на мигрените во рок од 12 часа по испиените неколку децилитри вино. Оваа појава била уште поизразена по конзумирањето вино со поголема концентрација на флавоноидите танини. Токму овие антиоксиданси се заслужни за бојата на виното, објаснуваат истражувачите. Со оглед дека овие сознанија се однесуваат само на вината од Јужна Америка, во следната фаза на истражувањето научниците планираат да ја проверат поврзаноста на мигрената и пиењето европски и австралиски вина.

Чајот и ракот на простатата

Мажите кои често пијат чај можат д аимаат поголем ризик од појава на рак на простатата, сугерира истражувањето на шкотските научници од универзитетот во Глазгов. Новите сознанија се темелат на податоците собрани од 6000 мажи на возраст од 21 до 75 години кои биле следени во текот на 37 години. Се покажало дека испитаниците кои пиеле повеќе од 7 шолји чај дневно имаат просечно 50% поголем ризик да заболат од рак на простатата. Научниците нагласуваат дека не пронашле докази дека чајот директно го предизвикува развојот на овој вид на рак. Ракот на простата е најчест вид на карцином кај мажите во Шкотска.

Силвана Јованчева