Search for content, post, videos

Животот е свет од вибрации

Постојат многу научни тези кои докажуваат дека нашата вибрација е единствената работа која не оддалечува од животот исполнет со среќа, радост и успех. Нашата внатрешна вибрација, нашата енергија е неверјатно моќна и таа е насекаде околу нас. Сите ние се раѓаме со таа енергија. Вибрациите се секаде околу нас. Всушност сите ние живееме во еден свет од вибрации. Иако се околу нас го перципираме како материја, па така и го доживуваме светот, сепак Алберт Ајнштајн уште многу одамна изјавил дека “Целиот физички свет претставува едно привидение, илузија” за што денес постојат многубројни докази. Сите ние сме, и сеоколу нас зрачи од разни вибрации, но основен проблем со кој се соочуваат луѓето е тоа што не знаат како и на кој начин да сторат нешто за тие вибрации во нив да проработат. Фактот е дека поголемиот број луѓе не знае колку е силно влијанието на нашата лична вибрација врз нашето окружување и врз квалитетот на животот.

Секој има свој потенцијал
Многу е важно да се сфати дека сите имаме потенцијал кој се крие во нас. Со добро управување и зголемување на сопствените вибрации зависи и нашата перцепција за животот и се што се случива околу нас. Апсолутно се околу нас и во нашиот живот има одредена вибрација. Тоа се нашите емоции, мисли, верба, вредности, односи, однесувања, одлуки, цели, работата која ја работиме, односите на работа и дома, изборите кои ги правиме во животот… апсолутно се! На свесно ниво, сите тие категории ги оживуваме и ги изразуваме на одреден начин, но на несвесно ниво сите тие имаат свој вибрациски запис кој ни е многу поважен во поглед на промените кои сакаме да ги направиме.

Физичкиот свет во енергетска димензија…
Не е нова идејата дека физичкиот свет има енергетска димензија. Дека со нејзина помош може да се менува животот. Низ историјата, различни култури профитирале со работа на различните форми на енергија. Илјадници години луѓето во Кина практикуваат Чи Гонг и Таи Чи и на тој начин ја канализираат својата енергија кон здравјето и релаксацијата. Во Индија се работи со енергијата кундалини, која носи самоспознание, подлабоко разбирање на светот и повисоко ниво на свесност. Но каква врска има тоа со нас?!
Д-р Давид Р. Хокинс, психијатар и истражувач на свесноста, во својата докторска дисертација докажал дека сите субјекти и објекти имаат енергија, а таа енергија вибрира на т.н. скала на свесноста. Тој сите вибрации ги подредил на една скала од 1 до 1000. Притоа со 1000 го претставил највисокото ниво на свеста кое човекот може да го достигне. Кога би се постигнало ова ниво на свесност, тогаш човекот би се просветлил. На другиот крај на скалата ги ставил оние без никакво ниво на свесност. За да открие на кое ниво се наоѓаат луѓето на таа скала, користел одреден тест. Според него, тешките емоции стравот, бесот, омразата и срамот вибрираат на пониска фрекфенција, додека емоциите на љубов, среќа, задоволство и мир вибрираат на повисок ниво на фреквенција. Моментно просечното ниво на свесност на целата популација на земјата е 207, а причината лежи во тоа што низ животот луѓето акумулираат огромен број енергетски блокади и негативни ниски вибрации кои ги оддалечуваат од повисоките вибрации. Секој човек би требало да се стреми да го достигне нивото на скалата – 500 па и повисоко.

Вибрација на љубовта…
Податоците говорат дека на скалата на свесноста 500 се наоѓа вибрацијата на љубовта. Кога вибрираме на ова ниво на свесност, животот станува поинаков и многу подобар, поубав. Љубовта, среќата и изобилството стануваат дел од нашата реалност, додека болката, стресот и проблемите исчезуваат и луѓето стануваат магнет за она што навистина го привлекуваат. Нашето енергетско и свесно ниво не влијае само врз нас и нашиот живот, туку и на луѓето околу нас. Една личност која се наоѓа на ниво на свесност 500, може да влијае дури и врз 750000 други луѓе и да ги крене на нивото на свесност над 200. На дното на скалата на свесноста се наоѓаат чувството за вина и срам. Тие две емоции се на ниво на свесност 20-30. Бесот е на скалата на свеста 150 затоа што има тенденција на “движење” која ги вади луѓето од апатија. Тој смета дека на скалата постојат две нивоа кои овозможуваат голем духовен развој. Првото ниво е на 200, а другото на 500. Нивото 200 е ниво на храброст, која го вади човештвото од деструктивните и штетните однесувања и го насочува кон конструктивниот животен стил.

Нашите вибрации стануваат се повисоки (растат) доколку во нашето окружување имаме личност со повисоко ниво на свесност, личност која повисоко вибрира. Тоа и самите ќе го почувстуваме ако се повеќе се дружиме со таквите луѓе, затоа што тогаш стануваме пооптимистични, имаме помалку стресови во животот, поретко се разболуваме, а среќата и задоволството ни се секојдневие.

Силвана Јованчева