Search for content, post, videos

“ПРАКТИЧЕН ВОДИЧ КОН ЛИЧНА СЛОБОДА”

Прв, ментално – емоционален Водич во Македонија! 

Подгответе се, да се издигнете на ниво:

-Ментално

-Спиритуално

-Психолошко

-Емоционално

-Продуктивно

Со помош на прирачникот, “ ПРАКТИЧЕН ВОДИЧ КОН ЛИЧНА СЛОБОДА”

Каков живот вие живеете ? 

Дали сте заглавени во минатото или пак го освестувате сегашниот момент и ја креирате вашата иднина? 

Понекогаш на луѓето им требаат години за да гo отворат своeто срце за чудата, но потоа сфаќаат дека она што изгледало неверојатно всушност е едноставна реалност и составен дел од животот.

Прирачникот “Практичен водич кон лична слобода” ќе ве натера да погледнете што се случува внатре во вас во моментов. Што чувствувате, мислите, што сакате во овој момент? 

Зошто креирав токму ваков прорачник и зошто “Практичен водич кон лична слобода”

Oвој прирачник го креирав со цел да создадам една целина која ќе биде лесна и едноставна за да ве потикне полесно да започнете со вашата сопствена трансформација, кон вашиот личен развој. Се потрудив да го искреирам со практични вежби кои ќе ви помогнат да ја постигнете вашата лична слобода, бидејќи за да започнете да живеете среќно и во подобар свет, треба да станете потполно слободна личност.

Зошто лична слобода!? 

Затоа што единствено кога ќе постигнеме лична слобода, можеме дa привлечеме она што навистина ни е потребно, она што го посакуваме и она што го заслужуваме, а секако под тоа се подразбира работа на некои лични аспекти како што се:

*Ослободување од стари лоши навики , и создавање нови подобри и позитивни навики!

*Ослободување од чувството на страв, литина, бес, љубомора, незадоволство во секојдневието, и создавање здрава љубов кон себе и другите, подобри меѓучовечки односи, радост, спокој и мир во Душата!

*Ослободување од стари обрасци/трауми во текот на животот, навики од колективната свест, а со тоа да создадеме подобро утре, подобра иднина за нас, за нашите сакани и целото човештво!

*Ослободување од борбата со егото!

*Простување себе си и на другите!

Прашањата поставени во прирачникот ве повикуваат да го прегледате минатото и да започнете да ја визуелизирате вашата иднината. 

Тоа е и начин да се влезе во сегашниот момент, иако некои од прашањата се однесуваат на други моменти од вашиот живот.

КОЛКУ ПОДЕТАЛНО РАЗМИСЛУВАТЕ, ТОЛКУ ПО ЗАГРИЖЕНИ ЌЕ БИДЕТЕ, ЌЕ ПОСТАНЕТЕ СВЕСНИ И ЌЕ СТЕКНЕТЕ ПОВЕЌЕ СИЛА И МОТИВАЦИЈА ЗА ПРОМЕНИ. 

Кога ќе успееме во сето ова, единствено само тогаш можеме да постанеме слободна личност и да уживаме во животот на начин кој го заслужуваме !

Но, најбитниот аспект, за да го постигнеме сето ова, е тоа што најпрво треба да започнеме со БЛАГОДАРНОСТ!

ЗОШТО БЛАГОДАРНОСТ!?

Благодарноста ни помага да ги признаеме и да ги препознаеме даровите на животот, дури и кога личниот стрес, болката и страдањето ќе нè наведат да мислиме поинаку. 

Да бидеме благодарни, тоа е духовна благосостојба, за да се чувствуваме добро. Да се фокусираме на она што го имаме во животот, а не на она што го немаме е моќна мотивација што води до целосна животна трансформација.

Практикувањето благодарност му дава импулс на вашиот мозок да гледате на животот од поинаква перспектива, порадосна, поведра… така ќе имате поголемо чувство на среќа и ќе гледате на светот со повеќе оптимизам и со поголема емпатија. 

Фокусирајте се на тоа да бидете благодарни, иако е тешко кога истовремено чувствувате самосожалување, анксиозност, страв или лутина. Тоа е стратегија што помага да ги поминете и да ги минимизирате емоционалните предизвици што се присутни во секојдневниот модерен начин на живеење.

Имајте на ум дека живееме во време на големи промени и дека веќе нема „комфорна зона“ во која лесно може да се вратиме. Единственото нешто што не се менува овие денови е тоа што секој ден не чека нова промена…

Затоа, на сите ви посакувам отсега да имате убаво, мирно и пријатно патување до вашата цел!

Топло го препорачувам овој прирачник, за сите кои сакаат да ја подобрат менатлно – емоционалната состојба и општо квалитетот на својот живот!

Зачекорете кон убавините на вашата Душа!

Со Љубов и Светлост,

Ваша, Анета

На следниот линк повеќе информации за овој прирачник.

https://www.instagram.com/patkonsebe/

 Надица Пушкоска